Добредојдовте на страната на Орбико


Моќна меѓународна дистрибутивна и логистичка мрежа

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА


Орбико Македонија е основана во 2004 година и нуди висококвалитетни услуги во доменoт на дистрибуција, логистика и бренд менаџмент. Работиме со интернационални и домашни реномирани брендови од различни индустрии и бизнис области како FMCG, селективна козметика, нега и убавина, и др. Дел сме од Орбико групација, присутна во 20 земји, со повеќе од 8000 вработени.

Во Орбико гледаме кон иднината. Знаеме дека со знаењето и способноста на нашите одлични колеги, поддршката од нашите партнери и нашата страст за победа ќе ги постигнеме поставените цели.

Делуваме со искреност и интегритет, го поттикнуваме пристапот на сопственост и им веруваме на нашите луѓе бидејќи тие се највредни за нас.
За да успееме, ја следиме нашата сопствена амбиција и токму затоа сме подготвени да изодиме “екстра километар” и да работиме со цело срце.Со фокус на задоволството на потрошувачите и прилагодливост кон промени, се трудиме да бидеме прв избор на нашите партнери во давање услуги за селектирани категории.

Уживаме во ова патување одејќи напред, се забавуваме по патот, па дојдете и придружете ни се на забавата!

Станислав Бојаџиев
Генерален Директор

За нас


Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореност на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Нашата цел е да генерираме одржлив раст на бизнисот и да создадеме додадена вредност за нашите деловни партнери и за брендовите во нашето портфолио. Нашите клиенти се сите релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локални малопродажни синџири, продавници на големо, аптеки, независни локални трговци, B2B претприемачи и специјализирани продажни канали. Затоа, Орбико е партнер кој најдобро ги задоволува потребите на нашите деловни партнери со оптимален микс на понудени производи, услуги, флексибилност и локална експертиза.

Со тим од страстни професионални експерти, ние нудиме целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба, логистички услуги, маркетинг услуги и управување со брендот, за сите брендови во нашето портфолио. Во нашиот бизнис ние се водиме од нашата визија, мисија, принципи и вредности.

Нашите услуги


Орбико нуди целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба и дистрибуција, логистички услуги, маркетинг и бренд менаџмент услуги за голем број различни индустрии и бизнис области како што се FMCG, производи за нега и убавина, лекови, играчки, текстилни производи,...

Ние нудиме услуги со супериорен квалитет на нашите принципали и на клиентите им носиме бизнис вредност, раст и развој. Орбико бизнисот денес се протега од Балтичкото до Црното Море и функционира во 19 земји.

Сите наши клиенти се релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локални малопродажни синџири, продавници на големо,аптеки, независна локалните трговци, B2B претприемачи и специјализирани продажни канали.

Орбико денес соработува со повеќе од 50 добавувачи, управува со повеќе од 500 глобални и локални брендови и дистрибуира доповеќе од 80.000 клиенти.

Принципали


Орбико негува долгорочни деловни односи со многу мултинационални организации овозможувајќи им на брендовите од нивното портфолио да бидат достапни на што поголем број клиенти и потрошувачи на локалните пазари.

Трговските марки и производи во портфолиото на Орбико претставуваат значајна вредност во перцепцијата на потрошувачите, имаат силна пазарна вредност и трговците сакаат да ги имаат во своите продажни места. Повеќето од брендовите се меѓу некои од најпознатите светски бренд имиња. Орбико и деловните партнери работат на изедначувањето на бизнис стратегијата поврзана со успешно лансирање, позиционирање, ревитализирање, следење и управување со брендови во нашето портфолио за да им се овозможи да се постигне значителна вредност и големо влијание за сите вклучени страни: производител, дистрибутер, клиенти и потрошувачи.

0 Вработени

0 Земја

0 Брендови

0 Партнер

Последни активности


Орбико групација


Во моментов Орбико е присутно во 20 различни земји и региони и обезбедуваме врвна квалитетна дистрибуција и логистички услуги до нашите партнери.

За да ги видите локалните веб страни во Вашите земји, Ве молиме одберете еден од следниве линкови.